Тренчевска: Задоволните вработени ја создаваат успешната приказна на врвните компании


 

 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со директорката на управа за јавни приходи, Сања Лукаревска ја посетија компанијата „Вивакс“. Целта на посетата, како што истакнуваат од МТСП, е согледување на реалната слика на терен во однос на задоволството на работниците.

-Компанијата „Вивакс“ е отворена уште од 1994 година и претставува една успешна приказна за производство на висококвалитетни македонски производи. Ова е една од компаниите кои досега не искористила финансиска поддршка за исплата на плати. Според сопствениците на компанијата, работниците се на прво место и во таа насока е и почитување на законското решение недела ден на неделен одмор, велат од МТСП.

 

За време на посетата бил објаснет и работниот процес на присутните и било посочено дека во оваа компанија е запазена и родовата еднаквост. На поголем дел од раководните позиции се токму жени.

По направениот увид во делот каде што се извршуваат работните процеси во компанијата, била одржана неформална средба со основачот на компанијата Димитар Јосифовски и сегашното раководство Тања Атанасова и Ристо Јосифовски.