Тренчевска: Никогаш не е доцна за превенција од малолетничко насилство, ќе се обучуваат и наставниците


Фото: Б. Богдановска

 

Центрите за социјална работа имаат доволно кадар за справување со ситуации од малолетничко насилство, а по вчерашната одука на Владата, која предложи мерки за борба против булингот, МОН и МТСП ќе треба да спроведат бројни работлиници, едукации и подготовка на сите, засегнати од овој проблем.

– Центрите за социјална работа имаат доволен кадар затоа што од реформата во 2018 година, досега постојано се зголемуваа капацитетите во центрите, исклучиво со стручнипрофили, социјални работници, социолози, правници, педагози и дефектолози – рече министерката за труд и социјална работа Јованка Тренчевска, при посетата на Домот за деца „11 Октомври“, каде ја најави новата кампања за згрижувачки семејства.

Таа смета дека училиштата и МОН одамна работат на едукација и превенција од врсничко насилство, во соработка со академијата, професорите, особено од Филозофскиот факултет од катедратапсихологија, социјална работа и социјална политика и од катедрата за специјални едукатори, така што со години наназад се спроведуваат активности за превенција од врсничко насилство.

– Улогата на Центарот за социјална работа е исто така голема, затоа што секое врсничко насилство што се пријавува, се пријавува до центарот во општината, со оглед на тоа дека се работи за малолетни деца и центарот постапува согласно воите надлежности, согласно законите за детска заштита и за малолетничка правда. Во делот на сегашните активности, кои вчера поминаа на влада од страна на министерот за образование, ние претходно имавме координација за да ги зголемиме капацитетите на стручни лица коишто ќе работат на превенција во основните и во средните училишта и затоа се вклучени тука и стручните служби, психолози, педагоци, социјални работници кои ќе работат на едукација на децата, на стручните тимови во основните училишта, едукација на наставниците и на родителите. Одговорноста е на сите, на системот, на државата, на владата, на министерствата за труд, за образование за внатрешни работи, на општините на училиштата, но одговорноста е и на родителите – вели Тренчевска.

Додава дека никогаш не е доцна за превенција. „Подобро е да работиме здружени со поголем број активности, секој ден на терен во основните и средните училишта, за да превенираме и да не дозволиме ниту едно дете да биде предмет на врсничко насилство’.

Најави дека според планот и програмата кои ги направи МОН заедно со професори од соодветните факултети, ќе се зајакнат капацитетите на стручните служби во училиштата, на педагозите, на психолозите чијашто примарна улога е да работат со деца коишто се во некаков ризик или претрпеле некаков вид на насилство.

– Секако, во таа едукација ќе ги вклучиме и стрчните тимови од центарот за социјалнална работа, но едукација ќе добие и секој наставник во секое училиште. Само вака, да се искористат класните часови, да се поттикнуваат дебати со децата, да им се пренесе дека врсничко насилство не смее да си прават едни на други.

Министерката вели дека тука треба да се вклучи и општината преку советите за превенција од малолетничко престапништво, кои ги има во голем дел од општините.