Тренчевска: Децата се безбедни, да не се создава паника
Децата се безбедени, не треба да се создава паника. Убиството на Вања Ѓорчевска е изолиран случај, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
-И министерот Спасовски и обвинителот вчера рекоа дека тоа е изолиран случај. Не треба да создаваме паника кај граѓаните дека децата не ни се безбедни. Децата се безбедни, меѓутоа токму и за тоа зборевме и на панелот дека новото време носи нови предизвици. Развојот на ИТ технологијата, социјалните мрежи навистина наместо да ја подобрат информираноста кај граѓаните, тие преку лажните вести, говорот на омраза создаваат дури и проблеми кај менталното здравје кај голем дел од народот. Така да како институции мора да се прилагодиме на ова ново време, а и како МТСП каде што во надлежност се децата сакам да ги уверам родителите дека децата се безбедни, безбедни се училиштата, безбедни се установите од предучилишно образование, тука се институциите да работат на уште поголема сигурност и на семејствата и на секој еден граѓанин во државата, рече Тренчевска на новинарско прашање по учеството на ткалезна маса: „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ во организација на ОБСЕ.