Трамп: Ѝ наредив на морнарицата да пука и да го крене во воздух секој брод што поставува мини во Ормуската Теснина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека ѝ наредил на американската морнарица да „пука и да го крене во воздух“ секој брод што поставува мини во Ормуската Теснина.
Тој на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Socia) објави дека „миноловците токму сега ја чистат Теснината“.
– Наредив американската морнарица да пука и да го крене во воздух секој брод, без оглед колку е мал (СИТЕ новни воени бродови, сите 159 од нив се на дното на морето!), што поставува мини во водите на Ормуската Теснина. Не смее да има двоумење. Исто така, нашите миноловци токму сега ја чистат Теснината. Со ова наредувам оваа активност да продолжи, но на тројно ниво! Ви благодарам за вашето внимание по ова прашање – објави Трамп.
Постојат стравувања дека Иран ја минирал Ормуската Теснина. Ако тоа се покаже како вистина, сообраќајот низ Ормуската Теснина долго време би била блокирана.