Трамп замина на десетдневен одмор


Американскиот претседаел Доналд Трамп денеска го напушти Вашингон и замина на десет дневен одмор во својот голф клуб во Бедминстер, сојузна држава Њујорк.

Според официјалниот распоред, претседателот првин планира да посети два настана во државата Њујорк, во текот на кои ќе има настап пред поддржувачите во рамки на средби со донатори на неговата кампања за реизбор на претседателските избори 2020 година.

Вечерва тој планира да оди во својата резиденција во Њу Џерси. Белата куќа не соопшти за одморот на Трамп, но медиумите потврдуваат дека ќе трае десет денови во текот на кои Трамп ќе посети неколку официјални настани.