Трамп во изненадна посета на Авганистан
Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија пристигнаа во Авганистан, пренесува Си-ен-ен.
Посетата е изненадување за американските трупи, воедно прва посета на Авганистан, е по повод за Денот на благодарноста.
Претседателот на САД и неговата сопруга се во својата втора прекуокеанска посета на американските трупи во воена зона. Првата беше во Ирак кон крајот на 2018. година.
По доаѓањето Трамп одржа билатерален состанок со претседателот на Авганистан Гани.
Трамп во базата им истакна на трупите: „Талибанците сакаат договор. Ќе видиме дали го сакаат. Мора да биде вистинската работа, но ќе видиме. Меѓутоа, тие сакаат договор“, изјави Трамп.