Трамп: Училиштата мора да се отворат на есен


САД– Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека училиштата во САД на есен мора да ги отворат своите врати за учениците.

– Училиштата мора да се отворат на есен, напиша Трамп на Твитер.

Светските агенции коментираат дека сè уште не е јасно како американскиот претседател ќе ги принуди властите на сојузните држави да ги отворат училишта и покрај постојаното зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.

Училиштата во САД претежно се во надлежност на владите на сојузните држави и локалните власти.