Трамп тврди дека не му е потребен договор со Кина пред изборите во 2020

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека не е неопходно да се постигне трговски договор со Кина пред претседателските избори во САД во 2020 година.

– Сакаме целосен договор, не сум заинтересиран за делумен договор, рече Трамп на заедничката прес-конференција со австралискиот премиер Скот Морисон.

– Мислам дека не ми треба (договорот) пред изборите, додаде американскиот претседател.

Кина и САД од јануари преговараат за договор за прекинување на трговската војна започна минатата година, што резултираше со реципрочни царински давачки во вредност од стотици милијарди долари.