Трамп тврди: Бајден ја започнува третата светска војна? „За десет месеци…


Американскиот претседател Џозеф Бајден е во состојба да ја започне третата светска војна и да ја уништи Америка за десет месеци, колку што останува времето до претседателските избори во земјата.

Ова го истакна неговиот претходник Доналд Трапм на партискиот состанок во Ајова.

„Тие со никого не се однесуваат на вистински начин. Можеби ќе нè погоди третата светска војна. Блиску сме до избори, но не доволно блиску. За десет месеци тие можат целосно да ја уништат нашата земја“, тврди Трамп.

Поранешниот американски претседател повтори дека сака да ги спречи конфликтите во Украина и на Блискиот Исток, а дека ќе ја држи под контрола и ситуацијата на Корејскиот полуостров бидејќи за разлика од Бајден, како што вели, знае како да преговара со светските лидери.

„Не им се допадна што се согласувам со Путин. Но, сакам да се согласувам со луѓе кои имаат 1.600 нуклеарни оружја“, рече Трамп.

Тој се нарече единствен кандидат кој може да ја спаси Америка и вети дека под негово владеење Американците нема да ја доживеат третата светска војна.