Трамп спомнува граѓанска војна, бара средба со свиркачот

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер предупреди дека неговиот импичмент би можел да предизвика втора граѓанска војна во САД, цитирајќи изјава од евангелистичкиот пастор Роберт Џефрис, кој оваа оценка ја изнесе во интервју за Фокс њуз.

Џефрис додаде дека земјата со импичмент на претседателот, би можела неповратно да биде скршена и никогаш да не закрепне.

Трамп во серија лути твитови напиша дека, како и секој американски државјанин, заслужува да се соочи со оној кој го обвинува, особено „затоа што свиркачот претставил совршен разговор со странски лидер на целосно неточен и измамнички начин“.