Трамп: Со маска изгледам како Осамениот ренџер


САД– Американскиот претседател Доналд Трамп, кој долго време одбиваше да носи маска во јавност го смени ставот истакнувајќи дека мисли оти маските се добри.

Тој наведе дека носи црна маска, и покрај тоа што кога ќе ја стави, како што самиот тврди, како лик од стрипот и филмот „Осамен ренџер“, но оти тоа му се допаѓа.

– Се за маските, истакна Трамп, додавајќи дека кога би се нашол сред голема гужва би носел маска.

Осамениот ренџер е измислен лик од Дивиот Запад кој носи црна маска околу очи.

– Немам проблем со тоа (носење маска) и ако луѓето се чвствуваат добро со маска треба да се носи, истакна Трамп.