Трамп: Што, по ѓаволите, јас знам? Поправете го „737 макс” и ребрендирајте го


По повод големата криза која го погоди индустрискиот гигант од Сиетл, се огласи и првиот човек на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп го посоветува денеска „Боинг“, по двете фатални несреќи во кои учествуваше нивниот модел „боинг 737 макс“, најпрво да го поправат авионот и потоа да го ребрендираат.

„Што знам јас за ребрендирање (но, станав претседател). Но, кога би бил на местото на „Боинг“, јас би го поправил „боинг 737 макс“, био додал уште некои одлични карактеристики и би го ребрендирал авионот со ново име“, напиша трамп на Твитер.

„Ни еден производ не претрпел олкава штета. Но, повторувам, што знам јас, по ѓаволите?“, додава Трамп.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1117736685721223168