Трамп се закани дека ќе ги тужи медиумите кои користат информации од „анонимни извори“


 Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе ги тужи медиумите, новинарите и уредниците кои се повикуваат на „анонимни извори“.

Ќе гонам некои од овие автори и уредници на нечесни книги, па дури и медиуми, за да откријам дали овие „анонимни извори“ постојат или не, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social).

Тој најави дека е можно да се донесе и нов закон за тоа.