Трамп се чувствувал репресиран како Навални


Поранешниот претседател Доналд Трамп ја спореди пресудата од 355 милиони долари против него во граѓанското судење во Њујорк со смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

„Тоа е форма на Навални. Тоа е форма на комунизам или фашизам“, рече тој, пред да продолжи да го нападне судијата во случајот, Артур Енгорон.

Трамп во неколку наврати за време на настанот се споредуваше со Навални, отворениот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, кој почина во петокот во затвор. Претходно во градското собрание, Трамп го пофали Навални како „многу храбар човек“ затоа што избра да се врати во Русија каде што беше затворен од 2021 година, иако  „веројатно ќе беше многу подобро да останеше настрана и да разговараше од надвор.” „Луѓето мислеа дека тоа може да се случи и се случи“, рече Трамп, мислејќи на смртта на Навални. „И, тоа е ужасна работа.

Запрашан за бесот поради смртта на Навални, Трамп рече: „Тоа се случува овде“. Тој рече дека неговите обвиненија се „сите поради фактот што јас сум во политиката“.

Трамп се воздржа да го обвинува Путин за смртта, бидејќи претседателот Џо Бајден и поранешната амбасадопрка во ОН, Ники Хејли, единствениот преостанат кредибилен примарен противник на Трамп, го стори тоа.

хејли во еден од последните напади на Трамп рече дека наместо да го критикува Путин, „тој ќе се спореди со Навални, но кој е жртвата  во неговите судски случаи?

Потоа, додека се емитуваше градското собрание на Трамп, Хејли се огласи на X, порано Твитер, велејќи дека споредбата „ Не е Америка пред се. Тоа е ѓубре што го слушате од либералите“.