Трамп сакал да го помилува Асанж во замена за информација за хакираните сервери на Демократската партија


Претседателот на САД, Доналд Трамп, се согласил да го помилува основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ако тој открие кој стои зад упадот во серверите на Демократската партија во 2016 година.

Ова денеска го соопштија некои американски медиуми, повикувајќи се на адвокатот Џенифер Робинсон, пренесе дописникот на МИА од Вашингтон.

Според заштитата на Асанж, кој во суд во Лондон наскоро ќе се бори против негова можна екстрадиција во САД, на средбата присуствувале конгресмени блиски на Трамп, кои поставиле предлог „идентификација на изворите на публикацијата за изборите во 2016 година, во замена за некаква форма на помилување за Асанж“. 

Асанж беше задржан во април 2019 година во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде беше во егзил цели седум години. САД бараат од Велика Британија екстрадиција на основачот на Викиликс. Американската страна го обвинува за шпионажа и објава на доверливи информации, вклучитело и објави од хакираните сервери на Демократската партија на САД. 

 Разузнавачките агенции на САД сметаат дека хакерските напади се дело на Русија. Асанж притоа негира врски со Кремљ. Доколку биде екстрадиран во САД и докажана неговата вина, тој се соочува со 175 години затвор.