Трамп речиси без поддршка на улиците во Њујорк


САД – Собирот за поддршка на Доналд Трамп поради секс скандалот бил толку слабо посетен што еден репортер на Твитер процени дека односот новинари и демонстранти е пет спрема еден.

Трамп е под истрага од страна на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Браг, поради исплата на 130.000 долари, наводно, извршена на порно ѕвездата Сторми Даниелс во негово име во 2016 година, за да молчи за сексуалната средба што двојката наводно ја имала една деценија порано.

Таа, сепак, опширно ја документира својата страна на приказната во мемоарите од 2018 година со наслов „Целосно откривање“, што е во спротивност со верзијата на Трамп за настаните.

Во саботата, Трамп на својата платформа Трут Соушл објави дека очекува да биде уапсен оваа недела и ги повика своите поддржувачи да го поддржат.

– Протестирајте, вратете ја нашата нација, рече Трамп, што го поттикна Њујоршкиот младински републикански клуб да започне акција и да организира демонстрации пред канцеларијата на Браг.