Трамп рече дека Путин веројатно бил вмешан во смртта на Навални


Доналд Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин „веројатно“ бил вмешан во смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор на Арктикот минатиот месец.

„Не знам, но можеби, мислам веројатно, би можел да кажам веројатно, не знам“, се зафркаваше републиканскиот претседателски кандидат на САД во интервју за Фокс њуз, на прашањето дали Путин сноси одговорност за смртта на Навални.

„Тој е млад човек, па статистички би бил жив долго време… па се случи нешто што беше невообичаено“, додаде Трамп.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин вчера јавно го изговори името на Алексеј Навални за прв пат по години, тврдејќи на прес-конференција за победа во кампањата дека тој се согласил да го размени лидерот на опозицијата со затвореници неколку дена пред да умре во затвор на Арктикот.

Путин на прес-конференција по неговата убедлива победа на лажните руски избори рече дека „некои колеги“ предложиле размена на Навални неколку дена пред неговата смрт „за некои луѓе кои се во затвор во западните земји“. Тој рече дека се согласувал со идејата, ако лидерот на опозицијата никогаш не се врати во Русија, „Но, за жал, се случи она што се случи… Се случува. Што можеш да направиш? Тоа е живот.”