Трамп прогласи победа… на германските избори

Со карактеристична скромност, американскиот претседател Доналд Трамп успеа некако да ја земе заслугата за десното наклонување на германските избори.
Во објава на социјалните мрежи, тој ѝ честиташе на „КОНЗЕРВАТИВНАТА ПАРТИЈА ВО ГЕРМАНИЈА“, но не го спомна по име конзервативниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц. Секако, и претседателот на САД си упати самиот честитки. Тој рече дека САД ги води џентлменот Доналд Трамп.
„Ова е голем дел за Германија, но и за Соединетите Американски Држави под водството на џентлемнот Доналд Џ. Трамп. Честитки до сите – ќе следат уште многу победи“.
По две недели речиси неограничени напади од Белата куќа врз европските политичари, дури и бизарен пост како овој веројатно се брои како неочекувано добра вест за Европа.
Трамп ги затегна трансатлантските односи до точка на прекин. Многумина ширум континентот ќе гледаат кон Мерц за да се обидат да го убедат дека вреди да се застане покрај НАТО, Украина и да не се откаже од историските обврски на Америка кон европската безбедност.
Трамп не ја спомна екстремно десничарската партија што ја фаворизира неговиот најмоќен советник Илон Маск. Технолошкиот милијардер бучно ја поддржа АфД, вклучително и во објава на неговата платформа за социјални медиуми Икс претходно денес.