Трамп повторно ја бранеше употребата на хидроксихлоракин против корона вирусот


Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја бранеше употребата на хидроксихлорохин во борбата против корона вирусот, со што се спротивстави на мислењето на официјалните лица од американскиот Кризен штаб.

Трамп тврди дека лекот против маларија е одбиен како можен лек против Ковид-19 само затоа што тој го предложил, јави Би-Би-Си.

Пораката од американскиот претседател следеше откако Твитер го супсендира налогот на неговиот син Доналд Трамп јуниор, поради објавување збунувачки и потенцијално штетни информации за коронавирусот.

Во соопштението на компанијата се наведува дека налогот на Трамп јуниор е суспендиран 12 часа поради кршење на политиката на Твитер за дезинформации.

Трамп и неговиот син во понеделникот споделија видео на Твитер во кое ја сугерираа употребата на хидроксихлороин во третманот на Ковид-19.

Твитер ја отстрани содржината од својата мрежа, но една од снимките веќе ја видоа 17 милиони луѓе.