Трамп повлекува дел од војската од Авганистан и од Ирак


Претседателот на САД, Доналд Трамп, брзо ќе го намали бројот на војници во Авганистан, од 4500 на 2500, пред да ја напушти Белата куќа, објави Пентагон.

Одлуката на Трамп да повлече одреден број војници, предизвика критики кај експертите кои велат дека тој потег ќе ја разниша безбедноста и ќе им наштети на кревките мировни преговори со талибанците.

Вршителот на должноста министер за одбрана Кристофер Милер, кого Трамп го назначи минатата недела кога го замени Марк Еспер, го потврди повлекувањето и додаде дека во Ирак, од 3.000 војници, тој број ќе се намали на 2.500.

– До 15 јануари бројот на американски војници во Авганистан и во Ирак ќе биде 2.500, рече Милер.