Трамп поднесе барање за директен телевизиски пренос од судењето


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска поднесе барање за пренос во живо од неговото судење.

Да потсетиме дека му се суди пред федералниот суд во Вашингтон под обвинение дека се обидел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

„Оваа постапка треба да биде целосно телевизиска за американската јавност од прва рака да види дека овој случај не е ништо повеќе од измислена уставна шарада“, рекоа адвокатите на Трамп во поднесокот, пренесува Ројтерс.

Се додава дека обвинителите сакаат судењето да се одржи „во мрак“, за што се вели дека е политички мотивиран напор на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден да ја поткопа неговата кандидатура за реизбор следната година.

„Секој човек во Америка, па дури и пошироко, треба да има можност од прва рака да го проучи овој случај и да види како, доколку има судење, претседателот Трамп ќе се ослободи од ова неосновано и политички мотивирано обвинение“, изјавија адвокатите на Трамп и додадоа дека специјалниот обвинител Џек Смит ги крши уставно загарантираните права на поранешниот американски претседател.

Претходно американските медиуми најавија дека јавноста во САД треба да има можност да гледа како се одвива „историскиот случај“ против поранешниот претседател на земјата.

Од друга страна, американското Министерство за правда се противи на телевизиското пренесување на судењето и наведува дека федералните судски правила забрануваат телевизиско прикажување на судските постапки.