Трамп победи и на Флорида


Претседателот на САД, републиканецот Доналд Трамп го победи кандидатот на демократите, Џозеф Бајден, во сојузната држава Флорида, една од најважните за исходот на изборите.

Флорида е често клучна држава кога трката е неизвесна како вечерва.

Освојувањето на Флорида го остава Трамп во трка за нов мандат. Да ја загубеше Флорида, немаше да има големи шанси да победи. Со победата во Флорида, Трамп „доби“ уште 29 гласачи и сега има 174.

Бајден досега „освои“ 223 изборни гласови.

За да победи на изборите, кандидатот треба да освои 270 од 538 гласачи.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп победи во државата Тексас, според проекции на АП. Тоа претставува разочарување за демократите кои се надеваа дека ќе ја „превртат историски црвената држава“.

Тексас не гласаше за демократ за претседател од 1976 година, иако постоеја заеднички напори државата да се претвори во сина во последните неколку години. Трамп го освои Тексас, кој носи 38 изборни гласови, со 9 отсто во 2016 година.

Трамп имаше предност од околу еден поен во државата една недела ден пред денот на изборите, според анкети на FiveThirtyEight.

Во сите други клучни држави, Трамп и Бајден водат неизвесна трка.