Трамп од 20 јануари ќе го нема посебниот третман на Твитер


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го изгуби својот „посебен третман“ на социјалната мрежа Твитер на 20 јануари, кога Џозеф Бајден ќе ја преземе функцијата.

Американската компанија соопшти дека налогот на Доналд Трамп, по истекот на неговиот мандат како претседател на САД, ќе се третира според истите правила како и секој друг налог, бидејќи посебниот третман важи само за актуелните светски лидери.

Твитер бриши се што не е во согласност со нивните правила, а тоа не се однесува на светските лидери. Нивните твитови, во случај на прекршување на правилата на компанијата, не се бришат, туку се скриени и означени како „од јавен интерес“.

– Оваа политика се однесува на актуелните светски лидери и кандидати за функции, но не и за граѓаните, приватните лица, кои престануваат да заземаат некои позиции, рече портпаролот на Твитер.

Твитер викендот обележа голем број твитови на Доналд Трамп со знак за предупредување, кои зборуваат за наводна изборна измама, па дури и претходно во случајот со Трамп, тие мораа често да го користат ова предупредување.