Трамп номиниран за Нобеловата награда за мир


Републиканската конгресменка Клаудија Тени го номинираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир.

„Доналд Трамп беше клучна фигура во олеснувањето на првите мировни договори на Блискиот Исток во последните 30 години“, изјави Тени за Fox News Digital.

Според неа, со децении бирократите, професионалците од областа на надворешната политика, како и меѓународните организации инсистираат дека дополнителни договори на Блискиот Исток се невозможни без решение на израелско-палестинскиот конфликт, а претседателот Трамп покажа дека тоа е не е вистина.

„Нобеловата награда беше како признание за мировниот договор меѓу Израел и Египет во 1978 година, како и за Договорот од Осло во 1994 година. Сепак, немаше признавање на улогата на Трамп во посредувањето во договорот меѓу Израел и четворица негови арапски соседи, чија цел беше нормализирање на економските и дипломатските односи“, рече Тени.

Таа додаде дека напорите на Доналд Трамп насочени кон постигнување на Абрахамскиот договор се без преседан и остануваат непризнаени од Нобеловиот комитет.

„Повеќе од кога било, бидејќи слабото лидерство на Џозеф Бајден на меѓународната сцена ја загрозува безбедноста на нашата земја, мораме да го признаеме Трамп за неговото силно лидерство и неговите напори за постигнување светски мир. Чест ми е што го номинирам поранешниот претседател Трамп и нестрплива сум додека дочекам тој да го добие признанието што го заслужува“, рече таа.

„Фокс њуз“ пишува дека Доналд Трамп неколку пати бил номиниран за награда за Абрахамскиот договор, но не добил признание за време на неговото претседателствување.