Трамп ниту признава дека изгубил, ниту честита


Американскиот претседател Доналд Трамп повторно објави гневна порака на Твитер, со факти за кои верува дека потврдуваат дека изборите биле нефер и дека победата на неговиот ривал Џо Бајден не била легална.

Според него, милиони ливчиња биле испратени до луѓе кои не го сакале тоа, додека набљудувачи не биле во можност да бидат присутни при пребројувњето.Тој тврди дека добил 71.000.000 законски гласови и дека е – победник.

Претходно, Трамп одби да признае дека загубил на претседателските избори откако американските медиуми објавија дека победник е Џо Бајден. Тој  не планира исто така да го покани новоизбраниот претседател Џо Бајден во Белата куќа во наредните денови, изјави извор за Си-Ен-Ен.

Традиционално, во Овалната соба се организира средба помеѓу сегашниот лидер и новоизбраниот претседател. Трамп често ја споменува својата средба со Барак Обама на 10 ноември 2016 година, вклучително и дека разговарале за Северна Кореја.

Уставот на САД не бара кандидат да признае пораз од својот противник, но тоа е долга традиција во американската политика и се смета за знак на мирна транзиција на власта.