Трамп: Нападите врз невини луѓе мора да запрат

Нападите врз невини луѓе мора да престанат нагласи американскиот претседател Доналд Трамп, по повод нападот во Виена.

Тој на Твитер објави дека САД, заедно со Австрија, Франција и цела Европа, се во борба против терористите, вклучително и радикалните исламски терористи.

– Нашите молитви се со граѓаните на Виена по уште еден грозоморен терористички акт во Европа. Овие напади на злото против невини луѓе мора да престанат. САД, заедно со Австрија, Франција и цела Европа, се борат против терористите, вклучително и радикалните исламски терористи, напиша Трамп.