Трамп најави можен прекин на американскиот увоз на нафта од Венецуела


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата администрација најверојатно ќе прекине да увезува нафта од Венецуела.

„Не треба да ја купуваме нивната нафта. Имаме доволно нафта“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба во Белата куќа.

Тој оваа изјава ја даде неколку часа откако официјално ја презеде функцијата 47-ми претседател на САД.

Од своја страна, пратеникот на Трамп за специјални мисии Ричард Гренел претходно објави дека разговара со голем број официјални лица во Венецуела.