Трамп ќе забрани имиграција за да спасува работни места


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе нареди привремено суспендирање на миграцијата во САД поради епидемијата со новиот коронавирус и да го заштити пазарот на труд.

Трамп одлуката ја најави на Твитер и всушност тоа е неговата долго најавувана политика за намалување на имиграцискиот бран во САД.

Според Демократската партија тоа е обид на Трамп да го сврти вниманието на јавноста од неговото бавно и лошо управување со кризата предизвикана од епидемијата со Ковид-19.

Влезот во САД поради епидемијата во голема мера е оневозможен, границите се затворени, а авиосообраќајот е забранет, поради што одлуката на Трамп се толкува како обид да се охрабри неговото избирачко тело.

Додека американската администрација претходно најави олеснителни услови за добивање на привремени работни визи за сезонските земјоделски работници.