Трамп: Ќе ја прифатам иницијативата на Иран ако сакаат преговори


Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека САД ќе ја прифати иницијатива на Иран доколку сака преговори.

– Ако сакаат да разговараат, јас сум на располагање, изјави Трамп во Белата куќа.

Како што пренесуваат светските агенции, иако тензиите во односите меѓу Вашингтон и Техеран ескалираат, Трамп тврди дека Иран сака договор.

Меѓутоа, врховниот ирански верски водач, ајатолах Али Хамнеи порача дека преговорите со САД нема да донесат ништо добро.

Тој вчера рече дека Иран не сака да преговара за прашања кои се однесуваат за вооружување.

Хамнеи истакна дека Иран не сака да купува нуклеарно оружје не поради санкциите од САД, туку затоа што тоа е забрането според шеријатскиот закон.