Трамп префрлен во болница на неколку дена


Трамп во костум и маска оди кон хеликоптерот кој ќе го префрли во болница. Сликата треба да покаже дека неговите симптоми се благи

Американскиот претседател Доналд Трамп е префрлен во воена болница на лекување откако му беше дијагностициран Ковид-19, изјави во петокот официјален претставник на Белата куќа, додека неговата администрација и изборната кампања се обидоа да се прилагодат на вонредниот пресврт во неговото турбулентно претседателствување.

Трамп (74) ќе биде сместен во специјален апартман во Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“ во Бетесда, Мериленд, во следните неколку дена како мерка на претпазливост, изјави официјалното лице.

Лекарите се одлучија за овој потег за Трамп да добие итна помош доколку е потребно, рече официјалното лице.

Веста дојде откако докторот од Белата куќа Шон Конли напиша дека Трамп „останува заморен, но расположен“.

Трамп е изложен на висок ризик поради неговата возраст и тежина. Тој остана во очигледна добра здравствена состојба за време на неговото претседателствување, но не е познато дека редовно вежба или следи здрава исхрана. (Ројтерс)