Трамп и Зеленски жестоко се скараа, договорот остана непотпишан (ВИДЕО)
Зеленски ја напушти Белата куќа, а прес-конференцијата меѓу двајцата лидери е откажана

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа беше прекината откако тој влезе во жестока кавга со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс, кои го обвинија за „непочитување“ за време на нивните разговори во Овалната соба.
Трамп постојано му кажуваше на Зеленски дека „се коцка со животите на милиони, со Трета светска војна“ и му кажуваше да престане да се држи за дополнителните безбедносни гаранции велејќи „или ќе склучите договор или ние ќе излеземе“.
Се чинеше дека Трамп ги маскира разликите со цртање лажна еквивалентност меѓу двете страни во војната и позиционирајќи се себеси „и за Украина и за Русија“ додека се стреми кон мировен договор, во целосна спротивност со коментарите на Зеленски за Путин како „убиец“ и „терорист“ кој ја нападна Украина и со кој не е подготвен за компромис со украинска територија.
Двајцата постојано се судираа околу нивните ставови за Русија и преговорите, како и за степенот на европската поддршка за Украина.
„Твојата земја е во голема неволја.Ти не си баш во најдобра позиција во моментов“, го искара Трамп Зеленски,на што тој возврати, па ние не сме во добра позиција од почетокот. Потоа Трамп тврдеше дека Зеленски си игра со трета светска војна, на што тој му возврати: Што зборуваш? Трамп го прекина и со кренат показалец му рече: „Не, премногу зборуваше“.
„Нема да победите во ова“, рече Трамп. „Имате проклето добри шанси од ова да излезете океј поради нас.Ние преку оној глупав претседател (мислејќи на Џо Бајден) ви дадовме 350 милијарди долари, ви дадовме воена опрема… ако ја немавте нашата воена опрема, оваа војна ќе беше завршена за две недели“, му рече Трамп на Зеленски, на што овој му одговори: „За три дена. Така слушнав од Путин“.
.@POTUS: “Your country is in big trouble. You’re not winning … You have a damn good chance of coming out okay because of us.”
“You haven’t been alone. We gave you, through [our] stupid president, $350 billion. We gave you military equipment … If you didn’t have our military… pic.twitter.com/MFU600Enlt
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) February 28, 2025
„Ќе биде многу тешко вака да се води работата“, рече Трамп. „Мислам дека е многу добро американскиот народ да види што се случува. Затоа ова го продолжувам толку долго“.
Тој рече дека Зеленски „мора да биде благодарен“, на што Зеленски одговори дека е „многу благодарен“, а Трамп го пресече и со повишен глас му рече: „Луѓето умираат, ти снемуваат војници“.
„Секако дека сакам прекин на огнот, но со гаранции“, возврати Зеленски во разговорот што го следеа директно новинари. Тој му рече на Трамп да го праша украинскиот народ какви му се чувствата кон договорот за прекин на огнот.Тогаш потпретседателот Џи Деј Венс го нарече Зеленски полн со непочитување поради обидот јавно да разговара за конфликтот.
Зеленски постојано предупредуваше дека каков било договор без безбедносни гаранции нема да биде доволен.Тој објасни зошто:„ Путин никогаш нема да застане и ќе оди подалеку и подалеку. Тој нè мрази. Знаете, не се работи за мене. Ги мрази Украинците. Тој мисли дека ние не сме народ. Тој мисли и го сподели ова со, мислам можеби и со вашиот тим, не знам, но со сите Европејци во медиумите, официјално и неофицијално. Секогаш велеше дека нема таква земја, таква нација, таков јазик и таков живот како украинскиот.Не, тој навистина не ги почитува сите Украинци и сака да не уништи“, рече Зеленски додавајќи:
„Затоа никогаш нема да прифатиме само прекин на огнот. Нема да функционира без безбедносни гаранции… овој документ не е доволен, ни треба силна армија, бидејќи неговите војници така се плашат“, рече тој.
Во бизарното продолжение, Трамп ја пофали облеката на Зеленски, велејќи дека е „убава“. Кога беше прашан за безбедносните гаранции рече дека фокусот е на САД е да имаат „работници таму, кои копаат, копаат, копаат, … земаат сурова земја за да можеме да создадеме многу одлични производи во оваа земја“.
„Мислам дека нема да ти треба многу безбедност. Мислам дека штом ќе се направи овој договор, ќе се заврши. Русија нема да сака да се врати и никој нема да сака да се врати“, тврдеше Трамп.
Зеленски ја напушти Белата куќа потоа, а прес-конференцијата меѓу двајцата лидери, на која се очекуваше да потпишат договор за минерали, исто така беше откажана.Практично остана непотпишан и договорот за минерали што го подготвуваа изминатите денови. Во соопштението што го објави потоа Трамп стоеше дека Зеленски не сака мир.
„Имавме многу значаен состанок во Белата куќа денеска. Се научи многу што никогаш не може да се разбере без разговор под таков оган и притисок. Неверојатно е она што излегува преку емоциите, при што јас утврдив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир доколку Америка е вклучена, бидејќи тој чувствува дека нашата вклученост му дава голема предност во преговорите. Не сакам предност, сакам МИР. Тој не ги почитуваше Соединетите Американски Држави во нивната ценета Овална канцеларија. Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.
На прес конференцијата имаше уште една бизарна епизода. Имено, Зеленски беше прашан од новинар зошто не е облечен во костум, туку дојде во неговата воена облека која е заштитен знак.
„Зошто не носиш костум? Вие сте во канцеларија на највисоко ниво во оваа земја и одбивате да носите костум“, рече новинарот на што Зеленски возврати дека „има други проблеми со војната“.
„Ќе носам [костум] откако ќе заврши оваа војна. Да, можеби нешто слично на твоето, можеби нешто подобро. Не знам, ќе видиме“, рече Зеленски.
По состанокот Зеленски доби силна поддршка од европските лидери. Полскиот премиер Доналд Туск кога ги виде сцените во Овалната соба порача: „Почитуван Зеленски, драги украински пријатели, вие не сте сами“. Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека Русија е агресорот, а Украинците се народот шпто трпи агресија, порачувајќи дека мора да ги почитуваме оние кои се борат од почетокот. Шпанскиот премиер Педро Санчез се приклучи на листата на европски лидери кои ја нудеа својата поддршка и солидарност на Украина по судирот меѓу Трамп, Венс и Зеленски.Тој на три јазици, меѓу кои и украински објави на социјалните мрежи: „Украина, Шпанија е со вас“.
Надвикувањето на Трамп-Зеленски е историско, објави АФП изјава на висок руски функционер. Сепак, во изјавата од Белата Куќа потоа Трамп не ја отфрли можноста за потпишување на договорот за минералите кога „Украина не биде подготвена за конструктивен разговор“.
„Ретко ваквите тензии се толку очигледни пред светските камери, напиша Би-Би-Си по сребата. Во еден момент, украинската амбасадорка во САД се фати за глава, очигледно незадоволна од начинот на кој се одвива состанокот“, стои во објавата. од Белата куѓа оак за медиумите рекле дека не биле во прашање само изјавите на Зеленски што ги сфатиле како непочитување туку и тоа што превртувал со очите додека Трамп и Венс зборувале.
Наспроти тоа Зеленски преку Твитер изрази јавна благодарност за посетата , па дури и на Трамп.
„Ти благодарам Америка, ти благодарам за поддршката, ти благодарам за оваа посета. Ви благодарам претседателе, на Конгресот и на американскиот народ.На Украина и треба праведен и траен мир и ние работиме токму за тоа“, напиша тој.