Трамп го преиспитува ставот на САД за суверенитетот на Велика Британија врз Фокландските Острови


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја преиспитува позицијата на САД во врска со суверенитетот на Велика Британија над Фолкландските Острови, британска прекуокеанска територија во Јужниот Атлантик.

Одговарајќи на прашања на новинарите во Овалната соба во Белата куќа за суверенитетот над островите Трамп рече дека „секогаш ја разгледува секоја позиција“, додавајќи дека тоа е „само една од многуте“, објавија британските медиуми.

Фолкландските Острови се прекуокеанска територија на Велика Британија, а нив ги бара и Аргентина, чиј претседател, Хавиер Милеј, е сојузник на Доналд Трамп.