Трамп гневен на сите освен на себеси околу среднорочните избори

Поранешниот претседател сакаше да ја објави кандидатурата за претседател, сега не знае што да направи и кога


 

Висок извор близок до поранешниот претседател Доналд Трамп изјави за Си-Би-Ес дека поранешниот претседател приватно бил гневен поради резултатите од среднорочните избори, и покрај неговите објави на социјалните мрежи кои ги прогласува за победа и „одлична вечер“.

Според изворот, поранешниот претседател „ги обвинуваше сите освен себе си“ за резултатите, вклучително и неговите помошници и водителот на Фокс Њуз, Шон Ханити. Лицето рече дека подобрите резултати од очекуваното за демократите во вторникот вечерта главно се должат на тоа што изборите станаа „референдум“ за Трамп, неговите избрани кандидати и неговиот континуиран фокус на релификување на изборите во 2020 година.

Според лондонски „Тајмс“ ја обвинил и сопругата Меланија за неуспесите на републиканеските кандидати.

Победата на Рон де Сантис на изборите за гувернер на сојузната држава Флорида дефинитивно му беше најлоша. Де Сантис на изборите собра нешто повеќе од 4,6 милиони гласови, 1,5 милиони повеќе од кандидатот на Демократската партија, Чарли Крист.

Гувернерот на Флорида (44) моментално е еден од најпопуларните политичари во Републиканската партија и може да ги наруши плановите на Трамп за претседателските избори во 2024 година. Трамп рече дека ќе даде „многу голема најава“ во Мар-а-Лаго во вторник, навестувајќи ја можна претседателска трка во 2024 година. Но, тројца извори кои биле со него во Мар-а-Лаго, изјавија за Си-Би-Ес дека постои внатрешна дебата за тоа дали Трамп треба да објави нешто.

„Го советувам претседателот да се откаже до крајот на трката во Џорџија, по Хершел Вокер“, изјави некогашниот портпарол на кампањата на Трамп, Џејсон Милер за Newsmax во средата. „Приоритетите А, Б и В треба да се однесуваат на Хершел токму сега. Ова е поголемо од било што друго во земјата“.

Поранешен помошник во Белата куќа во орбитата на Трамп рече дека тој „треба да почека да заврши среднорочните избори, кои нема да бидат пред вториот круг во Џорџија“.

Ако пред тоа објави кандидатура за 2024 година, високиот извор близок до Трамп споменат претходно рече: „Не гледам пат напред“. Ако Трамп објави нешто пред вториот круг од изборите во Џорџија, тие избори би можеле да станат референдум за Трамп – слично на вториот круг од Џорџија во 2020 година, кога републиканците ги загубија двете места.

Високиот извор близок до Трамп, кој зборуваше за Си-Би-Ес за гневот на поранешниот претседател, рече дека проблемот со квалитетот на кандидатот е вистински фактор на изборите оваа недела. Трамп ја засноваше својата страгијата за среднорочните избори не на политичка стратегија, туку на политичко враќање. Советникот рече дека Трамп избрал некои кандидати „кои не знаат што прават“.

„Ова е брод што тоне“, рече изворот за недостатокот на ентузијазам за новата кампања на Трамп 2024 година.