Трамп ги покани ослободените израелски заложници во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп ги покани ослободените израелски заложници во Белата куќа, откако рече дека е шокиран од ужасното интервју на Ели Шараби по 16 месеци во заробеништво на Хамас.
-Шараби беше ослободен минатиот месец и утре ќе се сретне со Трамп, изјави неговиот брат Шарон за весникот „Хаарец“.
Трамп го упатил повикот до Шараби и другите заложници откако му биле покажани извадоци од неговото интервју во кое опишува тортура и гладување, пишува Њујорк пост.
Шараби за Канал 12 опиша како бил врзан со синџири, тепан и изгладнет, а третманот се влошувал секој пат кога израелските лидери најавувале влошување на условите во затворот за заробените борци на Хамас.
-На Трамп му беа прикажани инсерти со англиски преводи и тој беше шокиран, рече братот на Шараби.
Трамп ги спореди Шараби и уште двајца поранешни заложници со луѓе кои го преживеале Холокаустот.
Во првата фаза од прекинот на огнот што започна на 19 јануари, Хамас ослободи 30 заложници и ги врати телата на осум заложници во замена за околу 1.900 палестински затвореници. Покрај тоа, пет тајландски државјани беа ослободени надвор од опсегот на овој договор.