Трамп целосно го поддржува Болсонаро, бразилскиот претседател му се заблагодари


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази „целосна поддршка“ за бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој е во вербална „војна“ со францускиот претседател Емануел Макрон.

– Тој напорно работи на гаснењето на пожарите во Амазонија и со должно почитување прави одлична работа за народот на Бразил. Не е лесно. Тој и неговата земја имаат целосна и комплетна поддршка од САД, напиша Трамп на Твитер.

Болсонаро кусо потоа му се заблагодари на американскиот претседател.

– Со голем успех се бориме со пожарите, напиша Болсонаро на Твитер одговарајќи на твитот на Трамп.