Трамп би го нападнал Иран за да го спречи во набавката со нуклеарно оружје


Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Тајм“ изјави дека би размислил за употреба на воена сила против Иран, за да го спречи да се снабди со нуклеарно оружје, но го остави отворено прашањето дали тоа се однесува и за заштита на испораките на нафта.

За разлика од некои републиканци во Конгресот, кои инсистираат на воен одговор, Трамп рече дека нападите на двата танкери во Оманскиот Залив засега се „многу мали“ инциденти.

Во интервјуто Трамп изјави дека се согласува со заклучоците на американската разузнавачка служба дека Иран извршил напади врз танкери, но додаде дека откако тој е претседател, Техеран е помалку непријателски настроен кон Вашингтон.