Трамп без дозвола ја користел музиката на Нил Јанг на прославата на Денот на независноста

САД– Нил Јанг е вознемирен што Трамп ги користел неговите песни на прославата на Денот на независноста на Монт Рашмор.

Три од легендарните песни на Јанг “Like A Hurricane,” “Rockin’ in the Free World” и “Cowgirl in the Sand” синоќа се пуштаа на Монт Рашмор.

„Запомнете дека тоа е гласот на граѓанинот што плаќа данок, кој не ве поддржува. Јас .“, напиша Јанг на социјалните мрежи.

Трамп и во 2016 година за време на кампањата без дозвола ги пушташе песните на Јанг.

Адел, „Ролинг Стоунс“, Елтон Џон, „Вилиџ Пипл“, „Р.Е.М“. се музичарите кои протестираа против користењето на нивната муика на митинзите на американскиот претседател.