Трамп бара жртвено јагне, се нафрли врз СЗО


Негирањето на кризата со корона вирусот во првите месеци му се враќа како бумеранг на Трамп додека расте бројот на жртвите

 

Доналд Трамп е во лов на ново жртвено јагне во френетичниот обид да ја смени вината за илјадници американски смртни случаи од корона вирус, обвинувајќи ја Светската здравствена организација (СЗО) дека „го нарече погрешно“ и дека е „Кина-центрична“.

Американскиот претседател беше контрадикторен на самиот себеси во рок од неколку минути, најпрвин ветувајќи го патот на „многу моќното задржување“ на владиното финансирање на СЗО, а потоа инсистирајќи дека такво замрзнување било само разгледувано.

Раната неактивност на Трамп се најде повторно под луша по извештајот на „Њујорк тајмс“ дека Питер Наваро, трговски советник на Трамп, предупредил во меморандумот кон крајот на јануари дека вирусот може да ги доведе во опасност милиони Американци и да чини билиони долари. Сузан Рајс, поранешен советник за национална безбедност, изјави за „Вашингтон пост“ дека погрешните чекори на Трамп „чинат илјадници американски животи“.

Претседателот повеќепати негираше одговорност и се обидуваше да ги обвини Кина, администрацијата на Обама и медиумите. Во вторникот, откако бројот на смртните случаи во САД се искачи над 12.000, тој започна тирада против СЗО, иако таа го крена алармот во јануари, по што даде изјави со кои го омаловажуваше вирусот и го споредуваше со обичниот грип.

„Тие не беа во право во многу работи“, рече Трамп на дневниот брифинг за корона вирусот во Белата куќа. „И тие имаа многу информации рано и тие не сакаа – се чинеше дека се многу Кина-центрични“ – имплицирајќи дека СЗО требало да ја исцрта линијата на раните напори на Пекинг за да се минимизира обемот на појава на епидемија.

Тресејќи ја главата, додаде: „Тие го нарекоа погрешно, тие го нарекоа погрешно. Тие го пропуштија повикот. Можеа да го наречат неколку месеци порано. Тие требаше да знаат и веројатно знаеја. Затоа, многу внимателно разгледуваме и одиме на патот да задржиме потрошени пари на СЗО.

„Ние моќно ќе задржиме и ќе видиме. Одлично е ако работи, но кога го прават секој чекор погрешно, тоа не е добро“.

Но, набргу потоа Трамп беше прашан дали сред пандемијата е време да се суспендираат пари за СЗО. „Па, можеби не“, одговори тој, повлекувајќи се од неговата претходна забелешка. „Не велам дека ќе го направиме тоа, но ќе го разгледаме“.

Новинарот го прекина: „Но вие го кажавте тоа -“

Трамп возврати: „Па, реков, реков дека ќе го разгледам. Ќе го испитаме, ќе го разгледаме. Но, ќе погледнеме во финансирањето по завршувањето, да, затоа што знаете што, тие го нарекоа погрешно, и ако погледнете назад со текот на годините, сè изгледа дека е многу пристрасно кон Кина“.

СЗО го прогласи Ковид-19 за вонредна состојба за јавното здравје на 30 јануари, еден месец пред Трамп да објави: „Корона вирусот е многу под контрола во САД“ и прогласи: „Еден ден – тоа е како чудо – ќе исчезне“. Најпосле тој прогласи национална итност на 13 март.

Трамп долго време е скептичен кон мултинационалните организации. Во најновиот предлог за буџет, во февруари, неговата администрација побара намалување на американскиот придонес во СЗО од проценетите 122,6 милиони на 57,9 милиони долари.

Во вторникот, претседателот исто така ги неиграше белешките од јануари и февруари од Наваро, велејќи дека не ги видел во тоа време, но го „стори помалку или повеќе“ она што го предложи неговиот трговски советник со наметнување ограничувања за патувања на Кина. (Оваа недела беше објавено дека речиси 40.000 луѓе летале од Кина во САД откако делумната забрана стапи во сила на 2 февруари).

Во меѓувреме, Висконсин во вторникот гласаше на примарните избори, откако републиканците и Врховниот суд на САД и тој на државата ги блокираа напорите за нивно одложување. Трамп одби да го критикува овој потег и тврди, без докази, дека има измама при гласањето по пошта.

„Гласачките ливчиња се многу опасни за оваа земја заради измамниците“, рече тој. „Тие одат и ги собираат… По мое мислење гласачките ливчиња по пошта се корумпирани“.

Кога беше речено дека самиот Трамп гласал по пошта на примарните избори во Флорида минатиот месец, тој возврати: „Бидејќи ми е дозволено. Знаете зошто гласав? Затоа што се случи да бидам во Белата куќа и не ќе можам да одам на Флорида и да гласам“. (Гардијан)