Трамп: Бајден треба да полага когнитивен тест, за да дознаеме зошто донесува ужасни одлуки


 Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден „мора да направи когнитивен тест“.

-Џо Бајден треба да направи когнитивен тест. Можеби на тој начин би можеле да откриеме зошто носи толку ужасни одлуки, рече Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.

Тој додаде дека веќе направил два теста – „двата без грешка“.

-Сите претседатели или оние кои сакаат да станат претседател мора да го поминат овој тест, рече Трамп.

Критичарите на Бајден побараа поголема транспарентност од Белата куќа кога станува збор за неговото здравје, и физичко и ментално, по неодамнешниот извештај на специјалниот советник Роберт Хурн во кој, меѓу другото, се вели дека американскиот претседател е „добронамерен постар човек со неуспешна меморија“.