Трајковски предложен за нов член на УО на Еуростандард банка


Горан Трајковски е предложен за нов член на Управниот одбор на Еуростандард банка АД Скопје по препорака на Надзорниот одбор на банката. Процедурата за именување на Трајковски како член на УО на банката е во тек, информираат од Еуростандард банка.

Оттаму соопштуваат дека Зоран Николовски, долгогодишен член на Управниот одбор на банката, поради приватни причини се повлекува од функцијата Член на Управниот одбор. Својата експертиза, Николовски ќе продолжи да ја споделува како советник на Управниот одбор на Еуростандард банка.

Николче Петкоски останува на функцијата Претседател на УО на Еуростандард банка.

Собранието денеска ја констатира оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци на негово барање. Трајковски во оставката, која во Собранието е доставена во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП.