Трајковски одигра половина час во поразот на Мајорка од Атлетико Мадрид


Атлетико Мадрид славеше на гостувањето кај Мајорка со 2:0 во меч од шпанската фудбалска лига.

Стрелци на головите беа Диего Коста и Жоао Феликс. Со новите три бода, „јорганџиите“ привремено се искачија на првото место на табелата во шпанската лига. Единствената лоша вест за тимот на тренерот Симеоне е исклучувањето на Алваро Мората, па напаѓачот нема да настапи на дербито во следното коло, кога Атлетико ќе му биде домаќин на Реал Мадрид.

Во тимот на Мајорка, македонскиот крилен напаѓач Александар Трајковски влезе во игра во 63-та минута, но не можеше многу да смени. Мајорка по шест кола има освоено само четири бода и постигнати само четири гола.