Трајче Пеливанов ќе ја менува Русковска додека е суспендирана
Обвинителот од поранешното Специјално јавно обвинителство, Трајче Пеливанов, ќе биде привремено на чело на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција додека трае суспензијата на неговата шефица Вилма Русковска. Пеливанов речиси две години е дел од ова обвинителство откако беше укинато СЈО.
Ваква одлука донесе денеска Советот на јавни обвинители по предлог на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Одлуката на членовите на Советот беше едногласна. Без оглед колку ќе трае суспензијата на Русковска, нејзиниот мандат истекува во ноември.