Трагедија во Ниш: Дете падна од 12 кат, на место мртво


Седумгодишно момче загина денеска откако падна од 12 кат на солитер во Ниш, Србија.
Деталите на несреќата за сега не се познати, но извесно е дека момчето паднало од прозорец.
Лекарите на итната помош констатирале смрт.
Полицијата ги истражува причините за несреќата, а според неофицијални информации, момчето било само дома.