Трагедија во невремето во Грција: Тело на жена најдено на 1,5 км од возилото


Жена загина денеска кога автомобилот ѝ го однесла надојдена вода, која настана по обилните дождови на северот на Грција.

Според државниот сервис ЕРТ, потрагата, во која биле вклучени и пожарникари, на крај имала трагичен крај, пренесе Катимерини.

Телото на починатата, за која се знае дека е педијатар од градот Катерини, ја најде специјална единица на противпожарната бригада, на 1,5 км од нејзиниот автомобил.