Трагедија во Грција: Потона товарен брод со 14 членови на екипажот во близина на Лезбос


Товарен брод со 14 членови на екипажот потона утрово во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Лезбос и во тек е спасувачка акција на Крајбрежната служба на Грција, а неофицијално спасен е еден морнар, јави дописничката на МИА од Атина.

Во акцијата учествуваат два хеликоптери, бродови на Крајбрежната служба, бродови што се во близина, како и една фрегата на воената морнарица на Грција. 

Според првичните информации, бродот што пловел под знамето на Комори, пренесувал сол и тргнал од Египет со крајна дестинација Истанбул, а потонал од засега непознати причини. 

Членовите на екипажот се државјани на Египет, Сирија и Индија и се водат за исчезнати.