Трагедија во Белград: Пијан возач усмрти трочлено семејство


Ноќеска на Нови Белград, пијан возач кој возел со голема брзина и поминал на црвено светло, усмрти тројчлено семејство – татко, мајка и деветгодишно дете.

Несреќата се случила околу 01:00 часот наутро, на крстосницата на Булеварот Хероја со Кошара и Улицата на младинските бригади, во близина на Кула West 65.

Според првичните информации, возачот бил под дејство на алкохол и изгубил контрола над возилото, при што со голема сила удрил во автомобилот на семејството. Од ударот е срушен столб на јавната расвета, а автомобилот е целосно уништен.

Медиумите возачот го идентификуваа како Никола Ѓ. (24) кој според нив поминал на црвено светло во алкохоплизирана с остојба и удрил во автомобил во кој биле сообраќајниот полицаец Б. Ж. (43), неговата сопруга Д. К. (38) и нивното малолетно дете (9). Тој возел автомобил регистриран во Босна и Херцеговина, а во автомобилот со него имало уште едно лице.Како што беше објавено, тој управувал возило со 1,17 промили алкохол во крвта.

На местото на несреќата, екипите на пожарната и Итната помош нашле три тела покриени со бели чаршафи, додека две лица преживеале со тешки повреди и се пренесени во болница.

Возачот веднаш е уапсен и му е определено задржување до 48 часа. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во сообраќајот со смртен исход.