Трагедија на ридско-брзинска трка во Пробиштип

Редар го загубил животот на ридско-брзинска трка организирана денес во Пробиштип. Инцидентот се случил, откако автомобил кој излетал од патеката удрил во несреќното лице што паднал во провалија.

За насреќата информираше клубот „Custom Car Racing Team“.

– Крајната неспособност на АФМ денес доведе до жртва !
На крајно небезбедна патека без банкини која не знаеме како можеле да ја лиценцираат и направат безбедносен план во Пробиштип каде овој викенд организираа ридско-брзинска трка згасна човечки живот кој беше удрен од тркачки автомобил на целта при тоа беше и дел од организацијата.
Одговорноста за овој настан треба да сноси целото раководство на АФМ а тоа се Ранко Станојковски, Павле Доневски и неговиот клуб Проспорт и Кристина Станојковска. Големо сочувство до фамилијата од нас како спортски клуб, стои во соопштението на  Кастом кар рејсинг тим.