Традиционален ирски рецепт за слатка зелка: Гурманско јадење со сланина и морско оревче, запечено во рерна


Слатката зелка е традиционално јадење кое можете да го подготвите со или без месо доколку постите. Лесно се подготвува и се користат евтини состојки. Ви предлагаме да го пробате ирскиот рецепт за слатка зелка, кој се прави со сланина, стопен путер и морско оревче, кои му даваат посебен вкус на јадењето, а краткото печење има свои предности. Јадењето е повкусно и крцкаво.

Состојки:

1 зелка
2 поголеми парчиња сланина
2 лажички мелено морско оревче
2 чаши вода
1/2 чаша вински оцет

Подготовка:

Зелката исечкајте ја на коцки, па ставете ја во тенџере и прелијте ја со вода. Откако ќе зоврие, продолжете да крчкате на тивок оган додека не омекне, околу 10-15 минути повеќе. Исечете ја сланината, па пропржете ја во тава додека не стане крцкава. Извадете го на хартиена крпа да се исцеди. Зелката процедете ја, па ставете ја во огноотпорен сад, па прелијте ја со стопен путер, сечкана сланина и морско оревче. Печете во загреана рерна што е можно поблиску до изворот на топлина додека садот не порумени, околу 5 минути. Посолете, стевете бибер и прелијте со оцет.