Тоти влезе во „Куќата на славните“


Италија – Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти на свечена церемонијата во Фиренца синоќа стана дела од „Куќата на славните“ на италијанскиот фудбал.

– Неверојатен ден! Сакам да им се заблагодарам на сите што ме почестија со оваа чест. Мислам дека светското првенство во 2006 година одигра решавачка улога. Ви благодарам, изјави Тоти.

Четириесет и две годишниот фудбалер стана шампион на Италија, има два Купа и два Супер купа. Беше дел од италијанската репрезентација која во 2006 година стана светски шампион.