Тотенхем и Јувентус се договорија за трансфер на Дибала


Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, може да замине во Тотенхем, пренесува „Скај спорт Италија“.

Според изворот, „спарси“ за овој трансфер ќе платат околу 70 милиони евра. Сумата е договорена со италијанскиот клуб.

Сега на Тотенхем му останува да преговара со 25-годишниот играч за личните услови.

Претходно беше објавено дека Манчестер јунајтед е заинтересиран за Дибала, но трансфер не се случи, бидејќи самиот Аргентинец не се согласи со тоа. Исто така, имаше информации за интересот што го пројавуваше ПСЖ.

Дибала минатата сезона одигра 42 натпревари за Јуве и постигна десет гола плус пет асистенции.